Достапни линкови

Њујорк: ОН преговараат со авганистанската влада околу протерувањето на двајца дипломати


Обединетите нации соопштија дека преговараат со авганистанската влада околу недоразбирањата кои придонесле за протерување на двајца европски дипломати за кои Кабул вели дека имале контакти со талибанците во провинцијата Хелманд. Мисијата на Обединетите нации во Авганистан прецизира дека двајцата дипломати ја посетиле таа провинција, но како дел од напорите за стабилизирање на тамошната состојба по воената офанизива во која сојузничките сили ја презеле контролата врз Хелманд.
XS
SM
MD
LG