Достапни линкови

logo-print

18 закони важни за влез во ЕУ пред пратениците на 3 и 4 јануари


Вчерашната сердба на четирите лидери остави неусогласени уште две крупни парашања кои ке бидат во фокусот идната година - статусот на борците на ОНА и законот за јазиците. Но беше постигнат договор 18 закони кои се важни за нашиот влез во евроспката унија да се најадат пред партениците веднаш по Нова Година на 3 и 4 Јануари. Лидерските средби на крајот на годинава почнаа да добиваат позитивен тек. Законите за јавно обвинителтво, совет на јавни обвинители и мегуетничкиот комитет со 45 закони за кои лидерите на ВМРО ДМПНЕ, СДСМ ДУИ и ДПА разговараа без резултат на многу средби пред околу еден месец поминаа во собрание. Но и по усогласувањето на ставовите изјавите на челниците на партиите одеа во насока на незадоволство, а дискусијата потоа се прфрли на тоа кој направил остапки. Професорот од Штуловиот университет Јетон Шасивари вели дека тоа произлегува од фактото што лидерите суштински не се согласуваат со барањата на мегународната заедница за конкретни законски решенија

„Последниве случувања околу лидерските средби укажуваат на фактот дека самите лидери не се доволно убедени во општиот државен интерес кој треба да се постигне при решавање на секојдневните проблеми, но и на главните проблеми од политички аспект во Република Македонија.“

Најголемата дискусија пак се водеше околу мајскиот договор. Премиерот Груевски, наспроти тврдењата на ДУИ велеше дека писмен договор не постои. Две од договоритте точки пак веќе се реализираа- одоносно рекомпонирањето на меѓуетничкиот комитет и 45 закони кои во иднина ке се гласаат со Баднтер. Покрај законот за јазиците и борците на ОНА останува како отворено прашање барањето на ДУИ за формирање на влада со двојно мнозинство. Но според договорот од 29 Мај оваа точка треба прво да биде разгледана од пратениците во Собранието, а потоа од лидерите.

Во меѓувреме преставниците на мегународната заедница инсистираа на спорведување на договореното и на воспсоставување на дијалог. Професорка од парвниот факултет Татјана Каракамишева оценува дека нашите лидери треба да ја научат демократската лекција

„Позитивните сигнали не се толку битни, какви сигнали ќе упатиме надвор. Треба да знаеме прво да се договориме внатре во државата и тоа да биде буквално правило без исклучок. Мора да се научиме да водиме политика на современ, демократски, цивилизиран начин. Тоа е она што мене ми е главна порака или поента од овој цел период.“
XS
SM
MD
LG