Достапни линкови

Причина се ниските морални вредности, домашното воспитување, неумешноста да се контролира бесот


Во ниското ниво на морални вредности, домашното воспитување, неумешноста да се контролира моменталниот бес и пострауматскиот стрес прихолозите ги посочуваат главните фактори поради кои припадниците на полициските сили ја злоупотребуваат употребата на службеното оружје. Психологот Милка Ололовска објаснува дека таквите лица се егоцентрични и себични.

„За нив е карактеристично дека не умеат да ја контролираат својата агресивност, односно импулсивноста на задоволувањето на желбите и потребите. Не умеат да се стават во позиција на жртвата, тоа често се типови авторитативни, кога нивниот збор е прв и последен, а ако не следуваат драстични физички казни.“

Од министерствот за внатрешни работи велат дека секое лице кое ќе се вработи во полицијата мора да помине здравстен преглед, при што се утврдува и неговата психолошки профил. Со новиот закон за полиција велат оттаму прегледот е задолжителен еднаш годишно.

„Задолжително поминува тестови за отсликување на неговиот психолошки профил и врз основа на тоа се носи оценка дали ќе биде примен или нема да биде примен во полициската структура,“

изјави Воислав Зафировски од секторот за внатрешна контрола при МВР.

Тој посочува дека секое службено лице на МВР има обврска да го носи оружјето 24 часа на ден. За недозволената употреба на оружјето, Зафировски вели дека следуваат дисциплински мерки.

„За жал, општите пропоси за работни односи дефинираат само две мерки, отказ и парична казна. Меѓутоа, генерално земено полициските службеници не се издвоени од јурисдикцијата на останатите правни акти.“

Во тепачка на две групи полицајци вчера пред една ка кафеана беше убиен еден припадник на Тигрите, а специјалец од Единицата за брзо распоредување е ранет. За кратко време ова е втор случај во кој има жртви и во кој се вмешани припадници на македонската полиција. Неодамна, полицаец со сужбен пиштол ја застрела својата 16 годишна девојка. Во мај годинава во полициската станица Богородица, полицаец со три куршуми ја усмрти својата колешка, а пред една година голем број припадница на единицата за брзо распоредување беа обвинети и осудени на условни казни поради демолирање и претепување на неколку лица во дискотеката Процес во Скопје.
XS
SM
MD
LG