Достапни линкови

logo-print

Добра идеја, но потребно е време за анализа и подготовка, оценува јавноста


Идејата за исплаќање на работниците на бруто плати што значи сами да ги плакаат придонесите за пензиско и инвалидско, како и за здравствено осигурување во основа е добра, и за ова речиси постои согласност кај македонската јавност. Но, се препупредува дека е потребно да се создадат повеќе предуслови како на пример пред се формирање на повеке фондови каде граганите ке вложуваат средства. Што ке се добие со ваквиот начин на исплакање на платата

„На работниците да им се даде шанса да ја добијат вистинската плата во целина и потоа да одлучат дали тие ќе го зголемат својот дел во делот за пензиско и здравствено осигурување. Дали ќе сакаат да се осигураат или не, значи да им се даде право тие да располагаат со сопствените средства, со сопствената плата којашто ја заработиле. Другата страна што ја гледам е да се спречи злоупотребата на исплаќањето на платата во два дела од страна на работодавачите. Затоа што тие им исплаќаат нето плата на работниците, меѓутоа за придонесите многу често слушаме дека не се исплаќаат,“

Изјави Томе Неновски од Американскиот колеџ во Скопје кој додава

„Препорака моја би била тоа да се прави постапно и претпазливо, со анализа на сите елементи во тој процес и искуствата од другите земји.“

Од Синдикатот исто така не се противат на оваа идеја, но оценуваат дека сега нема претпоставки за нејзина реализација, бидејки според нив се потребни добри плати и повисок стандард

„Ако се дозволи секој работник сам да се грижи за придонесите и да ги плаќа сам, не само што ќе дојде до застој, не само што луѓето парите ќе ги потрошат за други цели, бидејќи сиромаштијата го прави своето, туку со тоа и двата фонда за здравствено и пензиско осигурување ќе останат празни. Значи, може да настане хаварија,“

изјави Пеце Груевски од синдикатот на управата, просветата и образованието

И стопанствениците сметаат дека е потребно да се спроведе тоа, но потребни се повеке фондови за да можат граѓаните да изберат за што пак е потребна законска регулатива.

„Тие работи може да се направат за едно пет години, во фаза за имплементација во Европа. Ние немаме уште законска регулатива за тој фонд да не ги собере парите,“

изјави стопанственикот Драган Михајловски.
XS
SM
MD
LG