Достапни линкови

Враќање на Русија меѓу големите сили


Американскиот магазин „Тајм“ го избра рускиот претседател Владимир Путин за личност на годината. Уредниците на магазинот посочуваат дека изборот на Путин не значи поддршка за неговата политика, туку потврда дека тој во моментов е еден од најмоќните и најдинамични лидери.

Објавувајќи ја одлуката уредникот на „Тајм“ Ричард Стенгел нагласи дека изборот на Путин е направен според објективни критериуми и на него не треба да се гледа како на пофалба:

„Личност на годината не е почит, тоа не е награда, не е натпревар за популарност. Се работи за личност, кој за добро или лошо најмногу влијаел на светските настани во изминатата година.“

вели Стенгел.

Но, она што е јасно е дека изборот на „Тајм“ го потврдува она што Путин го смета за свој најголем успех, а тоа е стабилизирањето на Русија и враќањето на патот уште еднаш да стане голема сила. Во оваа насока во интервју за Американ Викли, Путин ќе изјави:

„Во изминатите години ни велеа – чекаме на вас. Сакаме да ве прифатиме во нашето семејство, во нашето цивилизирано западно семејство. Прво, зошто сте одлучиле дека вашата цивилизација е најдобра? Има цивилизации што се многу постари од американската цивилизација. Второ, во истовреме ни шепкаа на уво, подготвени сме да ве прифатиме, но имајте на ум дека нашето семејство е патријархално, дека ние сме постарите и вие треба да слушате. Не може повеќе да постојат такви односи во светот.“

изјави Путин.

Некои аналитичари сепак се скептични дека сегашниот економски напредок предизвикан од високата цена на нафтата ќе донесе долгорочна економска и политичка стабилност на Русија. Аналитичарот на Радио Слободна Европа за Русија Роберт Коалсон посочува дека токму високите цени на нафтата ја охрабриле Русија да ги одложи главните реформи и инвестиции што би требало да создадат стабилен економски развој. Таканаречените национални проекти за напредок на земјоделството, образованието и здравството, се напаѓани како вреќи за пари без дно. Како резултат на домашната политика на Путин, посочува Коалсон, цвета корупцијата. Допрва треба да се види дали Путин тргува со слободата и стабилноста во Русија. Според него, слободата во Русија веќе ја нема, а стабилноста во моменталната политичка транзиција не е сигурна.
XS
SM
MD
LG