Достапни линкови

logo-print

Статусот на Косово нема да се реши во Советот за безбедност на ОН


Идниот статус на Косово нема да се реши во Советот за безбедност на Обединетите Нации, туку во согласност со водечките земји од Запад, Приштина во почетокот на идната година ќе прогласи независност. Ова во интервју за Радио Слободна Европа го изјави Рос Џонсон од американскиот институт Хувер, наведувајќи дека тоа на некој начин веќе го најавија американскиот и британскиот амбасадор во Светската органицазија.

Процесот на решавање на статусот на Косово ќе продолжи надвор од Обединетите нации, бидејќи Русија се противи на идејата за недгледувана независност, вели стручњакот во американскиот Инстут Хувер Рос Џонсон, додавајќи дека решението на проблемот ќе ја намали нестабилноста во регионот.

„Можеме да очекуваме во почетокот на две илјади и осма година да биде прогласена координирана декларација за незвисност. Тоа значи дека властите во Приштина ќе прогласат независност и суверинтет на Косово, по што земјите членки на Контакт групата, освен Русија, ќе го признаат тој статус. “

Вели Џонсон, прецизирајќи дека независноста први ќе ја признаат Соединетите Држави, Британија, Франција, Германија и Италија, а потоа и другите земји на Европската Унија кои се уверени дека Белград и Приштина веќе не можат воопшто да постигнат договорно решение. Сега, според него, разни правници на различни начини ја толкуваат резолуцијата дванаесет четириесет и четири, но реалноста говори дека НАТО веќе се наоѓа на Косово, а оти наскоро и Европската унија ќе испрати своја мисија. Џонсон ја отфрла идејата дека независноста на Косово би можела да предизвика нестабилност во регионот и додава дека токму нејасната иднина го зголемува ризикот за дестабилизација. Според него, главниот безбедносен предизвик ќе се појави во текот на идните шест месеци. Тогаш владата во Приштина треба да стори се за спречи и најмал обид на насилство:

„Клучот ќе биде во рацете на новата влада на Косово која треба да стори се за да се избегне насилството. Владата треба енергично да дејствува во спроведувањето на планот на Ахтисари, да им даде гаранции на малцинствата, посебно на Србите.“

Зборувајќи за улогата на Русија во целиот процес, Џонсон смета дека Москва, под раководтсво на претседателот Путин го искористила косовското прашање за да се врати на светската сцена.

„Русија не е заинтересирана за Косово, туку и служи како инструмент за позиционирање во однос на Соединетите Држави. Тоа во некоја рака ја заврсти решеноста на Вашингтон да не и даде на Москва можност да употреби вето.“

Смета Рос Џонсон од американскиот институт Хувер, оценувајќи дека по ивесен временски период Косово нема да биде проблематично прашање во американско руските односи.
XS
SM
MD
LG