Достапни линкови

Ќе можат да патуваат во повеќе земји и се прошируваат амбасадите каде можат да извадат шенген виза


Придружувањето на девет нови земји кон шенген зоната беше означаено како вистински историски момент за проектот на европското обединување. За македонските граѓани кои го очекуваат стапувањето на сила на Спогодбата за визна либерализација, од 1 јануари, ова беше означено како уште еден позитивен чекор во процесот на визно олеснување:

„Нашите граѓани со една шенген виза ќе може да патуваат и во дополнителни девет земји членки на ЕУ.“

вели Агнеса Руси од МНР. За македонските граѓни ова значи полесно патување во 24 европски земји, а се прошируваат и местата каде што ќе може да добиваат шенген визи, објаснуваат поранешните македонски амбасадори Јован Теговски и Благој Зашов:

„Се овозможува македонските грѓани многу полесно да патуваат во 23 земји членки“

„За македонските граѓани се прошируваат местата каде можат да добијат шенген визи, имено уште неколку земји кои имаат амбасади во Македонија ќе може да издаваат шенген визи кои што ќе можат да ги користат за влегување во сите земји членки на шенген зоната. Веројатно тоа ќе го олесни и ќе има помалку притисок кај главните амбасадите каде досега земаа визи за нашите граѓани.“


Амбасадорот на Словенија во Скопје Ален Бергант чија земја е дел од девете земји од шенген зоната, се надева дека процесот ќе продолжи низ целиот Балкан, а Македонија во блиска иднина ја гледа како дел од шенген зоната:

„Во текот на нашето претседателство ќе започне т.н. дијалог за визна либерализација. Тоа значи дека на граѓаните на Македонија за неколку години нема да им треба виза за влез во ЕУ. Би сакале тој дијалог да отпочне што е можно побрзо, во текот на нашето претседателство. Вие ги воведовте биометриските пасоши и имате добра контрола на границата и ја гледаме Македонија за две до три години како дел од шенген зоната.“

Аеродромските контроли на новите земји вклучени во шенген зоната ќе бидат укинати на 30-ти март.
XS
SM
MD
LG