Достапни линкови

Кабул: Италијанскиот премиер Романо Проди во посета на Авганистан


Италијанскиот премиер Романо Проди денеска допатува во ненајавена посета на Кабул, на средба со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи и во посета на италијанските трупи во земјата. Италијанискиот премиер остварил средба и со командантот на НАТО силите Ден Мекнил, но не се соопштени детали од средбата. Италија има околу две илјади војници во Авганистан, повеќето од нив сместени во западниот град Херат. Вчера во посета на Авганистан беа францускиот претседател Николас Саркози и премиерот на Австралија Кевин Руд кои ветија подршка во обновата и стабилизирањето на земјата.
XS
SM
MD
LG