Достапни линкови

logo-print

Атина: Повеќе време за дипломатијата по прашањето за Косово, истакнуваат Грција, Бугарија и Романија


Шефовите на дипломатиите на Грција, Романија и Бугарија - трите балкански земји членки на Европската Унија, повикаа да и се даде повеќе време на дипломатијата во решавањето на статусот на Косово. Мораме да го третираме тоа прашање без брзање и со сериозност, истакна грчкиот министер за надворешни работи Дора Бакојани. Во заедничката изјава по состанокот одржан во Атина тие повикаа на забрзано приближување на Србија во Европската Унија, со напомена дека не се работи за трговија и отстапки кон Белград, по прашањето за Косово.
XS
SM
MD
LG