Достапни линкови

Атина: Грција ќе стави вето, доколку Скопје се однесува непопустливо за името, изјави Бакојани


Грција ќе стави вето на членството на Македонија во НАТО и Европската унија, доколку Скопје продолжува да се однесува непопустливо, изјави грчкиот министер за надворешни работи Дора Бакојани во интервју за атинскиот весник „Та Неа“. Во врска со ставот на американскиот потсекретар Николас Барнс дека Атина не може да стави вето на членството на Македонија во НАТО, Бакојани истакнала дека за Грција таквата изјава не преставува изненадување. ,,Вашингтон сака да го види Скопје во НАТО. Тоа го сакаме и ние, но сакаме сојузничките односи меѓу двете држави да се базираат на добрососедство, а доказ за тоа може да се биде единствено изнаоѓањето на заедничко решение за името“, истакнала Бакојани.
XS
SM
MD
LG