Достапни линкови

Лондон: Тони Блер ја прифатил католичката вера


Поранешниот премиер на Британија Тони Блер преминал во католичка вера. Како што соопшти неговиот портпарол Метју Дојл, прифаќањето на католичката вера било извршено за време на церемонија што во петокот се одржала во една црква во Лондон. Овој чекор на Блер се смета за очекуван, со оглед на тоа дека неговата жена и деца беа католици, а непосредно пред напуштањето на премиерската функција беше во посета на Папата Бенедикт 16-ти.
XS
SM
MD
LG