Достапни линкови

Станува збор за сериозна најава или предизборна кампања?


Функционерот од Српската радикална партија и кандидат за претседател на Србија Томислав Николиќ неодамна изјави дека на Русија треба да и биде понудена изградба на воени бази во Србија, што ќе придонесе за зајакнување на позицијата на Белград во време на решавање на косовкиот статус. Станува ли збор за сериозна најава или предизборна изјава?

Според воено-политичкиот аналитичар Зоран Драгашиќ на најавата на Томислав Николиќ на Русија да и се понуди изградба на воени бази во Србија, треба да се гледа само како на предизборна изјава. Драгашиќ смета дека врз основа на руско-српските односи, Николиќ ќе ја гради својата изборна програма:

„Мислам дека тоа нема реална основа во насока на она што во иднина ќе се случува, и она што е најважно мислам дека ниту самиот г-дин Николиќ не верува многу во тоа. Граѓаните на Србија во овој момент многу очекуваат од Русија, со оглед на финалниот статус на Косово, така што мислам дека Николиќ ,,игра“ на тие чувства што политички е потполно легитимно. На Србија добро би и дошла секоја помош од Русија, па така и помош во вооружување и воената опрема. Врските со Русија, секако дека треба да се одржуваат на највисоко можно ниво, но градењето на својата долгорочна статегиска позиција врз таа основа не е баш паметно.“

Сепак дека не станува збор само за предизборна изјава, туку на тоа се мисли сериозно, потврдува потпретседателот на Српската Радикална партија Драган Тодоровиќ:

„Србија има исклучително силен одговор по прашањето на НАТО и желбата на Соединетите држави и Европската Унија да ни го одземат Косово. Еден од тие одговори е зајакнување на воената соработка, односно изградба на руски воени бази на територијата на Србија.“

посочува Тодоровиќ. За претседателот на Атлантскиот сојуз на Србија Владан Живуловиќ, неспорно е дека актуелните политички околности повразани со косовскиот проблем, не му одат во прилог на претходно започнатиот процес за евроатлантската интеграција на Србија. Во врска со иницијативата на Српската радикална партија на Русија да и се понуди разместување на воени бази во Србија, тој истакнува:

„Ние секогаш зборуваме за некои можности за соработка, а притоа никој ниту не поканува, ниту бара нешто од нас. Прво влеговме во расправа за тоа дали да се влезе во НАТО иако Алијансата не не поканува, бидејќи ќе биде потребен подолг период за да ги оствариме потребните критериуми за да добиеме покана. Исто така колку што мене ми е познато, ниту Русија не бара ништо од нас, така што тоа се многу опасни шпекулации.“

истакнува Живуловиќ.
XS
SM
MD
LG