Достапни линкови

Генералштабот и Министерството за одбрана тврдат, проблемот е стар и решен


Храната која им се дава на војниците во македонската армија е со лош квалитет, вели припадник на АРМ. Тој исто така посочува дека ужината која им следува секој ден не ја добиваат редовно, туку им ја даваат на крајот од месецот.

„Храната е хаос. Се дава ненавремено и секогаш на крај.“

Овие проблеми кои биле присутни во АРМ веќе се надминати велат од ГШ на македонската армија. Оттаму појаснуваат дека поради закочување на тендерите за набавка на храна, дошло до немање на редовна ужина за војниците. Додека за квалитетот на храната во АРМ од ГШ велат дека војниците примале оброци со доволна калорична вредност. И од Министерството за одбрана велат дека овие проблеми кои биле присутни пред неколку месеци веќе се решени:

„Што се однесува до набавките ние иако имавме мало закочување пред почетокот на летото, сега имаме фатено добро темпо и се се одвива во најдобар ред така што сите потреби на армијата се задоволени,“

објаснува Захарие Вулгаракис, портпарол на Министерството за одбрана и додава дека догодина не очекуваат вакви проблеми.

„За следната 2008 година, очекуваме да биде историска година за Република Македонија, да добиеме покана за НАТО. На реформите во одбраната работиме максимално, сме заедно со НАТО советодавниот тим во корелација.“

Инаку, АРМ учествува во мисиите Слобода за Ирак, мисијата на НАТО ИСАФ, и во мисијата на ЕУ во Босна со 200 војници.
XS
SM
MD
LG