Достапни линкови

Париз: Франција предлага укинување на потребата од референдум за натамошно проширување на ЕУ


Француската влада предложи да ја повлече потребата од автоматско одржување референдум за секоја земја која во иднина сака да и се придружи на Европската унија со што ќе ја тргне потенцијалната бариера за влез на балканските земји во Унијата. Законот претставен од владата содржи серија планирани мерки за реформи на француските институции според плановите на претседателот Николас Саркози. Францускиот устав ја предвидува обврската за одржување референдум за секое проширување на Европската унија. Тоа беше сторено од претходникот на Саркози, Жак Ширак со цел да се спречи турското членство во Унијата. Ако законот помине тогаш на Саркози му се остава правото да решава дали за евентуалната нова членка да се спроведе референдум или да се гласа во парламентот.
XS
SM
MD
LG