Достапни линкови

Бизнисмените бараат повеќе, експертите правилно менаџирање со парите


Во експозето за предлог буџетот за 2008 година министерот за финансии Славески истакна дека вкупните даночни приходи годинава во споредба со лани се зголемени за 21 процент. Наспроти оваа зголемена наплата 16 проценти од државанта каса се предвидени за капитални инвестиции кои би им ја олесниле работата на биснимените. Дел од нив посочуваат дека овој процент е мал.Според бизнисменот Адем Кочан сепак предвидените пари се најголеми досега

„Државата треба да се грижи за инфраструктура и обезбедување правилни услови на стопанисување, ништо друго.“

Дражавата треба да ги инвестира парите повторно во деловниот сектор со изгрдаба на капитални објекти, но и со конкретни проекти вели Драган Николов бизнисмен кој се занимава со градежништво.

„Сметаме дека би требало да се враќа повеќе во стопанството преку финансирање на разни проекти. Ние знаеме дека Министерството за економија од време на време финансира одредени проекти, но сметаме дека тоа е недоволно.“

Според него малиот процент предвидени пари за капитални добивки се должи и на бројната државна администрација која ја добива платата од буџетот.

„Тешко е да се справите со бројната државна администрација. И веруваме дека ако се преполови, ниту една функција на државата нема да се наруши.“

Економистот Маријан Николов не се согласува со ваквиот став на бинсимените. Проблемот зошто државата не одвојува повеќе за деловниот секртор не е во бројната администрација додава тој

„Проблемот настанува таму кога треба да се види што таа администрација сработила со парите што ги менаџира од буџетот. Потребно е да се зајанке самиот капацитет на администрацијата, бројноста не е проблем “

Инаку буџетот за кој во тек е праламнетрната расправа е наголем досега. Најголем дел од предвидените 2 милијарди и речиси 300 милиони евра се предвидени за тековни трошоци на државата.
XS
SM
MD
LG