Достапни линкови

Статусот на Косово е глобално прашање кое треба да се реши што побрзо


Косовскиот статус не е само важно прашање за регионот, туку и многу пошироко тоа е глобално прашање, затоа треба да се реши што е можно побрзо, притоа планот на Ахтисари е добра основа, рекоа денеска претседателите на македонското и албанското собрание, Љубиша Георгиевски и Јозефина Топали Чоба.

„Статусот на Косово веќе не е прашање на самото Косово и на Македонија, Албанија и на другите соседни држави. Прашањето на Косово е веќе прашање на ЕУ и пошироко, може да се каже дека тоа е глобално прашање. Се разбира, на овие средби ние разменивме мислења во однос на тоа. И го споделивме својот истоветен став дека треба да се поддржи планот на Ахтисари. Сметам дека сето тоа ќе биде завршницата на овој статус на Косово ќе биде не само за добро на косоварите туку и за добро на сите земји од регионот.“

„Гледаме на мирољубиво решение за Косово кое ќе придонесе кон стабилноста на регионот. Се сложивме исто така дека Косово прераснува во еден проблем од пошироки размери, повеќе не е проблем само на еден регион,“


Изјавија Топали и Георгиевски кој пак додаде

„Сеуште стои оној наш разговор од Тирана, кога говоревме за Косово дека сме заендички против поделбата на Косово.“

На средбите со македонските претставници разговарано и заедничките цели вклучување во НАТО, интегрирање во Европската унија, но и за интензивирање на изградбата на Коридорот 8
Георгиевски со оценка за билатералните односи Албанија Македонија

„На билатерален план нашите односи се одлични и претставуваат пример какви би требало да бидат односите меѓу сите балкански земји денеска.“
XS
SM
MD
LG