Достапни линкови

logo-print

Ќе бидат претставени 14 филма од творештвото на домашните автори


Црна, но прекрасна од Благоја Ристески Платнар, филмот што е сниман во 2001 година и кој ги содржи Алшар, Нигра сет Формоса и Горна земја, Бабички на револуцијата на Петра Селишкар и Бранд Феро, Списокот на Тони Манџа од Марија Џиџева, Роза на Маја Младеновска, Девојката со хармоника на Билјана Гарванлиева, Бериќет на Митко Панов, Литургија на Свети Јоан Златоуст на Љубе Цветановски и Благоја Марковски се само некои од документарците што ќе бидат прикажани на претстојната манифестација Денови на поновиот македонски документарен филм која се одвива во Кинотеката на Македонија. Селекцијата за овој циклус ја потпишува Петар Волнаровски и тој за својот одбир и начелата по кои притоа се раководел ќе забележи:

„Филмовите пред се ги бирав на тој начин, или да бидат поврзани со онаа наша македонска историја, корените кога луѓето знале како да функционираат и со природата и со нештата околу себе и меѓу себе.“

Во рамките на оваа манифестација ќе биде промотивно прикажан и штотуку завршениот документарец на Атанас Чуповски - Скендербег и Светиград:

„Се работи за приказна за големиот воиен кој бил голем заштитник на балканските христијани Скендербег, за неговото време и за негиовиот град Свети град кој е интерес од неколку апсеки за кој релативно малку се знае а се наоѓа во Македонија и е многу значаен за македонската историја. На филмот работеше мала, но одбрана екипа.“

истакнува за својот филм Чуповски.
Кинотеката на Македонија со овој свој програмски зафат реализиран на крајот од годината, во некоја рака, речовито проговори за изблиците во творештвото на домашните автори, но Волнаровски говорејќи за условно земениот подем на докуменатарниот филм кај нас ќе забележи:

„Мислам дека неможе да се зборува за континуитет на документаристиката туку напротив се работи за неколку паралелни текови кои фрагментарно и квантно се позајмуваат еден со друг, и формите не се стандардни кај нас иако многу луѓе велат дека документарниот филм кај нас не е инвентивен. Напротив многу добро се занимава со колажирање и со преземање од жанр во жанр.“
XS
SM
MD
LG