Достапни линкови

Њујорк: Продолжен мандатот на мултинационалните сили во Ирак


Советот за безбедност на ОН синоќа едногласно донесе резолуција за продолжување на мандатот на мултинационалните сили во Ирак предводени од САД на уште една година. Во образложението се наведува дека одлуката за продолжување на мисијата на околу 160-те илјади војници до крајот на идната година е донесена затоа што заканите по стабилноста на Ирак и натаму претставуваат закана и за меѓународниот мир и безбедност. Ирачкиот амбасадор во ОН Хамид ал Бајати изјави дека ова е историски ден за неговата земја, бидејќи тоа е последно продолжување на мисијата на меѓународните сили во Ирак.
XS
SM
MD
LG