Достапни линкови

logo-print

Русија му нареди на Британскиот совет да ги затвори своите регионални канцеларии


Москва и Лондон се исправени пред нов дипломатски спор откако Русија издаде наредба до Британскиот Совет, кој работи на промоција на британската култура во земјите од светот, да ги сопре сите активности во Русија, освен во Москва, до крајот на овој месец.

Релациите меѓу Британија и Русија се на најлошо ниво од времето на Студената војна, најмногу поради убиството на британскиот државјанин Александар Литвиненко, но расправијата се продлабочи откако неодамна Русија издаде наредба до Британскиот совет да ги затвори своите регионални канцеларии во Русија, освен во Москва до први јануари. Руското министерство за надворешни работи соопшти дека суспендирањето на активностите на канцелариите на Британскиот совет во Санкт Петерсбурт и Екатеринбруг, е поради прекршувањето на Виенската декларација од 1963 година, за регистрација на канцелариите. Џејмс Кенеди шеф на Британскиот совет во Русија, ги отфрла обвинувањата:

„Имавме повеќе дискустии со руските власти во изминатите три години околу статусот на Британскиот совет. Но нивните последни обвинувања, дека работиме нелегално, се нешто сосема ново. Британскиот совет работи во Русија врз основа на меѓувладинот договор од 1994 година за соработка во областа на културата, образованието и науката.“

вели Кенеди. Овој чекор на руските власти, ги шокираше и британските власти но и многумина руски граѓани кои учествуваат во активностите на советот, особено оние што учествуваа во изучувањето на англискиот јазик. Британскиот премиер Гордон Браун веднаш ја осуди одлуката на руските власти и го повика Британскиот совет да продолжи со работа. Кенеди вели дека Британскиот совет е неправедно под удар на политичките тензии:

„Британскиот совет не е политичка организација. Сепак, како и да е, секако дека политичките односи меѓу Британија и Русија влијаат врз нашата работа. Но, сметаме дека кога овие односи се затегнати, нашата работа на планот на образованието и културата, е уште поважна.“

Људмила Алексеева активист за заштита на човековите права во Русија, вели дека најголема жртва во руско-британскиот спор се обичните граѓани:

„Британскиот Совет беше можност за помалку богатите луѓе да се стекнат со добро образование, притоа без руската влада да не потроши ниту цент. Сега таа можност ја нема.“

вели Алексеева.
XS
SM
MD
LG