Достапни линкови

Опипување на пулсот на јавноста?


Изјавите на странските владини советници како онаа на Соломон Паси дека е потребно што е можно побрзо да се постигне компромис за уставното име, како и кажувањата на премиерот Никола Груевски дека европските лидери бараат од Македонија да направи компромис за името за да добие безусловна поддршка за НАТО и Европската унија, не се случајни, коментира дел од јавноста во земјава.
Експертите укажуваат ако се подготвува јавноста дека треба да се направи компромис или да се смени името на тоа треба да работат домашните политичари

„Доколку се процени дека не е можно поинаку освен да се бара решение, тогаш задача е на македонските политичари да ја подготват јавноста. Се друго што доаѓа од надвор е повеќе иритирање, вознемирување, омаловажување на јавноста,“

изјави Денко Малески професор на Правниот факултет во Скопје.
На политичката сцена различни видувања. Оние од опозицијата сметаат дека ваквите изјави не се случајни

„Од моето досегашно скромно политичко искуство, јасно ми е дека не е случајно тоа и намерно е пуштено за да се опипа расположението,“

изјави Андреј Жерновски од опозициската Либерално демократска пратија кој додава:

„Она што не ми се допаѓа, што за мене е апсолутно сигурно и за граѓаните воопшто е дека оваа тема, нема никакви размислувања за постигнување компромис, туку се знае – ние имаме еден единствен став во државата.“

На прашањето се подготвува ли македонската јавност на промена на уставното име Благој Зашов од собраниската комисија за надворешна политика и пратеник од Новата социјалдемократска партија кој е дел од владеачката коалиција вели:

„Мислам дека тоа не е подготвување на јавноста за компромис, затоа што и на ЕУ и на НАТО не му е сеедно дали македонската јавност ќе прифати, особено за НАТО кога зборуваме со 90 насто гласачи за влегување во НАТО и ЕУ или тоа ќе биде со 30 или 35 насто од населението.“
XS
SM
MD
LG