Достапни линкови

Ликвидацијата на Македонска Банка уште повеќе ја намали довербата на граѓаните во банките?


Германски инвеститор кој сакал да откупи текстилна фирма во Велес која била пред затварање, ги вложил своите средства во Македонска Банка, кои требале да послужат за инвестирање, но два дена по отварањето на сметката ова банка се затворила, објаснува Сури Асанов, директор на фирмата:

„Мораше повторно негови лични средства да повлекува од Германија бидејќи тој беше тука за да може да ја купи и да вложи, да отвори фирма овде во Македонија и да може да работи. Со Македонска банка имавме проблеми околу месец и пол.“

вели Асанов и додава дека сопственикот кој е роден во Македонија, после проблемите кои му се случиле при инвестирањето во земјава, се разочарал од начинот на функционирање на законите во Македонија:

„Сопственикот во нашава земја имаше многу доверба, сакаше да отвори фирма, ја оствари, меѓутоа нема никакво задоволство од нашата држава, нема никаква поддршка.“

По Епизодата ТАТ, Лавци, „Алфа С, Радо банка, Експорт импорт банка, кои се случија во изминатите десет години, за дел од граѓаните никогаш нема да бидат заборавени.Тие велат дека и ликвидацијата на Македонска Банка која се случи пред околу два месеци уште повеќе им ја намалила довербата во банките.

„Стара песна почнавме, пред 15 години тоа што беше, сега се повторува. Ниту смееме да ги чуваме парите дома, ниту во банките, значи само треба да ги трошиме.“

„Мене ми зедоа три илјади марки на времето“

„Апсолутно не, бидејќи не е ништо сигурно, нема добри закони.“

„Ниту сум штедел и во банките сум немал доверба никогаш.“


Експертите пак сметаат дека секое затварање на банка негативно се одразува на довербата на граѓаните и инвеститорите во банкарството, но не во голема мера бидејки како што велат тие, доверба во банките сеуште постои:

„Ние сме сведоци на историјата во Македонија кога ние бевме дојдени во минимум. Затоа и овој чекор може да влијае врз довербата на граѓаните, но не во голема мерка бидејќи се гледа од депозитите на граѓаните кои што од година во година се зголемуваат.“

вели Петрит Положани, декан на економскиот факултет при Државниот универзитет во Тетово.
XS
SM
MD
LG