Достапни линкови

Трошоците за рекламни кампањи не се опфатени во буџетот


Во буџетот за идната година кој го предлага владата нема посебна ставки во кои се предвидени пари за рекламирање и промоција на влaдини кампањи. Пратеникот од опозиционата Либерално демократска партија Слободан Најдовски тврди дека владата не сака да ја открие конкретната сума и поради тоа парите кој планира да ги даде ги става во други ставки:

„Владата ги крие тие средства, како змијата нозете, затоа што тие средства се скриени зад договорни услуги и зад стоки и услуги. Така што, не може од буџетот да се види колку се тие средства.“

Стојан Андов од владеачката Либерална партија пак вели дека не е проблем тоа што не се предвидени конкретни пари за реклама. Според него таквото планирање на трошоците на државните пари е вообичаено при креирањето на буџетот:

„Цената на рекламата е содржана во цената на остварување на политиката, во ставката за политиката. Да речеме, има политика на вработување, политика за унапредување на пазарот за работна сила, политика не знам каква итн, во сите тие политики во тие државни органи во нивните надлежности се содржани и тие работи.“

И претседателот на невладината организација Транспарентнсот Нулта корупција Слаѓана Тасева се согласува дека ниту една влада досега не прецизирала колку пари ќе даде за маркетинг, но потенцира дека тоа не во согласност со законот за јавни набавки. Според неа институциите мора однапред да имаат испланирано колку пари ќе потрошат

„Тоа треба да биде јасно одвоено и за владата, односно генералниот секретаријат и за секоја институција пооделно ако мислат да го прават. Значи, ако мисли министерството за економија дека ќе прави кампања, тоа треба да има предвидено пари во буџетот за кампања идната година,“

вели Тасева и додава дека до сега владеачките гранитури ја користеле можноста која ја предвидува законот за итни јавни набавки

„Но, тоа се можности за злоупотреби, значи склучување на директни договори, непосредни спогодби, однапред договарање на зделки, нетранспарентност во тоа од каде доаѓаат парите и кој ги користи тие пари.“

Годинава што изминува владата спроведе неколку капмапањи мегу кои и инвестиарјте во Македонија која беше насочена кон странство. Голем дел од јавната расправа мегу власта и опозицијата се фокусираше токму на дадените пари за рекламирање. Премиерот Груевски неодамна откри дека една кампања во просек чинела околу 400 илјади евра.
XS
SM
MD
LG