Достапни линкови

Подобрување на изборниот процес преку измени и дополнувања на Изборниот законик


Со цел подобрување на изборниот процес подготвени се измени и дополнувања на Изборниот законик. Измените содржат решенија за спречување или намалување на изборните нерегуларности, финансирање на кампањаите и прецизирање на надлежностите на државната изборна комисија посебно во делот на избирачкиот список. Ова е во рамки на заедничкиот проект за подобрување на изборниот процес во надминување на изворните нерегуларности подготвен од ОБСЕ, невладината организација МОСТ и министерството за правда.

„Паралелно на нашите заложби за постојано подобрување на изборното законодавство мора да работиме на погигање на јавната свест и нашите сопствени стандарди за спроведување на фер и демократски избори. Нашата одговорност за спроведување фер и демократски избори станува уште поголема со приближувањето на Македонија до НАТО и ЕУ,“

изјави Дарко Алексов претседател на МОСТ.

За разлика од овие измени кои како што информираат упатените влегуваат во постапака, оние кои ги предлагаше владата летово, а се однесуваа на воведување на загарантирани пратенички мандати за помалите заедници и предлогот за гласање на дијаспората, досега не влегоа во постапка.

Претставиците на опозицијата сметаат дека предлогот за гарантирани мандати за припадници на помалите зедници беше само трик решение

„Нормално дека не сме против тоа, можеби во почетокот бевме грешно разбрани, но сметам дека треба ова решение малку повеќе да му се обрне внимание, затоа што вака како што беше предложено очигледно целта беше да се привлечат само етничките заедници за да гласаат за судскиот совет, тоа веќе на сите им е јасно,“

изјави Цветанка Иванова од СДСМ која додава дека тие се подготвени за разговори и кога станува збор за гласање на дијаспората, но дека и тука треба многу работи сериозно да се разгледат:

„Да се обезбедат механизми во законот со кои ќе се гарантираат фер избори затоа што во Македонија сеуште не можеме да направиме фер избори.“

Рафиз Алити од ДУИ информира дека се противат на идејата за гласање на дијаспората, бидејки нема капацитет тоа да се спроведе, а за загарантираните мандати за припадниците на помалите заедници вели:

„Една од намерите на владата беше да се користат гласовите на помалите етнички заендици да се гласаат измените во Собранието.“
XS
SM
MD
LG