Достапни линкови

За почеток опфатени 48 деца во две скопски училишта


Глобалниот проект „Лаптоп за секое дете“ е од огромно значење и тоа не само за слободниот софтвер и новите технологии кои се вградени во малиот лаптоп, туку и за прашања кои се поблиски до јавноста како премостување на дигиталниот јаз или воведување на модерно образование објаснува Новица Наков од организација Слободен софтвер Македонија.

„Идејата е да се дизајнира лап топ којшто ќе биде доволно издржлив и доволно мал, и да има доволно технологија во него, за да може да им користи на децата во развој.“

Тој исто така посочува дека овој лаптоп има вградено технологии кој што сеуште не се излезени на пазарот,односно освен алатките кои можат да се користат за цртање и пишување, овој лаптоп децата можат да го користат и за сурфање на Интернет.

„Мониторот работи во двоен режим. Кога го користите во затворена просторија се однесува како било кој монитор, а ако го извадите на сонце може да биде како книга и целосно да биде видлив екранот за читање. Другата технолошка можност е т.н. меш мрежа, значи два лап топи меѓу себе без било какви други уреди стануваа мрежа. Мислам дека и некои други технологии во безбедноста се прилично револуционерни.“

Слободен софтер Македонија во соработка со организацијата УНДП деновиве започнаа со промоција на овие уреди. Розалинда Стојова координатор на студијата во УНДП посочува дека овој пилот проект кој е дел од програмата на фондацијата One laptop per Child засега се спроведува во две скопски училишта.

„Вкупно се 48 деца во прашање и двете наставнички, значи 50 колку што имаме донирано компјутери. Дадени се компјутерите во првата половина на ноември, во присуство на родителите при што покрај примената имаме ангажирано и консултантска проценка која во февруари ќе го напише извештајот и препораката.“

вели Стојова и додава дека пилот проекти од овој тип веке се спроведуваат и во други земји од светот.

„Уругвај и Бразил имаат волонтирано со голем број компјутери дадени на цели училишта и тие се прилично задоволни.“
XS
SM
MD
LG