Достапни линкови

logo-print

Загреб: Иво Санадер се надева дека ќе ја состави владата пред истекот на уставниот рок


Лидерот на Хрватската демократска заедница Иво Санадер, на кого синоќа претседателот на Хрватска Стјепан Месиќ му го додели мандатот за формирање на влада, се надева дека ќе ја состави новата влада пред истекот на уставниот рок од 30 дена. Претседателот Месиќ истакна дека му го доделил мандатот на Санадер бидејќи од него добил уверување оти ја има поддршката од 77 пратеници во Парламентот. Иако мандатот му е доделен на Санадер, лидерот на Социјалдемократска партија Зоран Милановиќ истакна дека нема да се откаже од обидот за состав на влада.
XS
SM
MD
LG