Достапни линкови

Анкара: Турската авијација бомбардила цели на курдските бунтовници


Турски воени авиони бомбардирале цели на курдските бунтовници во Северен Ирак. Нападите ги потврди турската армија, а курдски претставници изјавија дека авионите погодиле неколку села на турско-ирачката граница во близина на планинскиот масив Кандил, при што загинала една жена. Планинскиот масив Кандил се смета за засолниште на бунтовниците од Курдската работничка партија.
XS
SM
MD
LG