Достапни линкови

logo-print

Белград: Нема причини за загриженост за безбедноста, изјави српскиот министер за одбрана


Српскиот министер за одбрана Драган Шутановац на крајот на повеќедневната посета на југот на Србија, изјави дека нема причини за загриженост за безбедноста на административната граница меѓу Србија и Косово. Дека ситуацијата е под контрола, по заедничката средба посочија и началникот на генералштабот на српската војска Здравко Понош и командатот на КФОР Гзавије Бо Де Марнак. Тие истакнаа дека припадниците на српската војска и на КФОР одлучно ќе реагиираат во случај на евентуално нарушување на безбедноста.
XS
SM
MD
LG