Достапни линкови

logo-print

Скопје: Се надевам ќе успееме да ги објасниме нашите аргументи за името, изјави премиерот Груевски


Премиерот Никола Груевски во врска со прашањето дали Македонија е пред избор НАТО или уставното име денеска изјави дека ставот на државата по тоа прашање е познат. Тој додаде дека во разговорите со меѓународните претставници во изминативе месеци се укажува дека Македонија мора да најде компромис со Грција во однос на спорот со името. ,,Разговорите во кои се сугерираат и некои имиња се добронамерни. Ние им ги објаснуваме аргументите од наша страна и се надевам дека ќе успееме во тоа објаснување не само кај меѓународните претставници туку и кај Грција и дека во разговорите што ќе престојат ќе успееме да го надминеме овој проблем,, изјави премиерот Груевски.
XS
SM
MD
LG