Достапни линкови

Од 2008 година странците во Македонија ќе моќе да купуваат земјиште


Странците од 2008 година ке можат да купуваат земјиште и имоти во Македонија - по најавата дека ваквата законкска измена ја разгледува владата економистите кометираат дека тоа ке преставува дополнителен мотив инвеститорите да влезат со поголем капитал во земјава

„Голем дел од инвеститорите покажа досегашната пракса, имаа забелешки во однос на одредбата од законот каде што можеа да купат капацитет, во Репулбика Македонија, или да изградат фабрика, но земјиштето не можеше да биде во нивна сопственост. Сметам дека на овој начин ќе се надмине таа бариера или таа ограничувачка карактеристика која ги оддалечуваше странските инвеститори од нашата земја,“

вели професорот Зоран Ивановски .Следејки ги случувањата во соседна Бугарија која веке им овозможи на странците да купуваат имот Иваносвки вели дека покрај значитилениот прилив на пари може да се очекува и пораст на цените.Во Софија додава тој вредноста на еден стан е зголемена најмалку за три пати

„Тоа дефинитивно ќе се случи. Оние кои работат или поседуваат недвижности, може да очекуваат подобри времиња. Значи, цената на земјиштето и на становите, објектите секако ќе се покачи и тоа значително.“

Искуство со купување на имот во странство има македонскиот бизнисмен Фијат Цановски. Тој поседува имот во Хрватска кој го има купено пред седум години.

„Ист е односот и за странците и за домашните граѓани. Немав никаков проблем околу тоа.“

Според неговите сознанија земјиште може да се лупи и во дригите соседни земји:

„Во Албанија знам дека земјиште може да се купи само на 99 години, значи не може трајно. Србија може да се купува, не може како физичко лице, но фирмите можат.“

Хрватитете пак подоцна донесоа закон со кој ја забранија продажабата на земјиште на странци. Сега и во преговорите за влез во Европската Унија бараат да им се дозволи да го задржат тој закон најмалку во следниве 12 години. Професорот Ивановски вели дека ова барање се должи на лошото искуство од минатото

„Странскиот капитал, дури и со сомнително потекло стануваше сопственик на острови или на капацитети, хотели на јадранскиот брег, можеби тука се должи и одлуката на владата привремено да го стопира продавањето на земјатса,“

обајснува Ивановски.
XS
SM
MD
LG