Достапни линкови

Владата манипулира со јавноста, не усвојува закони кои се приоритет за ЕУ


Брисел бара интензивирање на реформите, бара политички дијалог, подобри мегуетнички односи, забрзување на реформите во судството реализација на постоечките закони по што и оценува дека институциите се дефокусирале од евроинтеграцијата како приоритет. Наместо спроведување на барањата од ЕУ владата предлага измени во законот за енергетика кои Брисел ги коментира негативно, предлага измени во законот за судови наместо да го реализира постоечкиот, говори дека европски стандард се нови регистерски таблички за автомобилитеи на кои ке стои уставното име, со што пак го усложнува проблемот со Грција. Владата велат од опозицијата и покрај овие критики предлага, работи на проекти за кои вели дека ги бара Европа, но тоа не е случај, барањата од Брисел се јасни. Игор Ивановски од СДСМ констатира дека владата многу малку или воопшто не ги реализира вистинските приоритети и додадава:

„СДСМ по објавувањето на негативниот извештај на ЕК, во кој Македонија втора година по ред, со оваа влада не доби датум за преговори, излезе во јавноста со податок дека дури 583 активности кои се од националниот план за усвојување на законодавството со ЕУ влада не ги има реализирано.“

Тој вели дека треба да се усвојат околу 20 закони и укажува дека премиерот по ова прашање говори невистини со тоа што вели дека станува збор стотина закони. Овие закони треба и да се проверат, поради како што вели Ивановски обидот на владата да манипулира ио да го искористи европскиот приоритет

„Во изминатата недела констатиравме дека на некои закони за коишто нема никаква врска со ЕУ се става знаменцето на ЕУ, а на некои закони кои се приоритетни за ЕУ истите воопшто не се ни усогласени. Со еден збор, владата се обидува да манипулира и да ги искористи ЕУ приоритетот за да протне низ мала врата свои домашни популистички проекти,“

вели Ивановски.

На прашањето до претставниците на власта зошто владата предлага мерки, закони и вели дека тоа го бара Европската унија, а тоа не е случај, Брисел не стои зад тие барања Александар Спанесовски од ВМРО-ДПМНЕ вели:

„Прилагодувањето на македонскиот правен поредок кон европскиот е приоритет над приоритетите. Сметам дека политиката, односно стратегијата на кој начин ќе се издвојуваат приоритетните и помалку приоритетните работи за да им се посвети внимание во краток временски период беше потврдена, односно забележана од извештајот на ЕК.“
XS
SM
MD
LG