Достапни линкови

Брисел: Лидерите на ЕУ тежнеат кон создавање заедничка рамка за признавање на независно Косово


Лидерите на Европската унија тежнеат кон создавање заедничка рамка за признавање на независностa на Косово во следните неколку месеци, изјави денеска данскиот премиер Андерс Фог Расмусен, пред почетокот на самитот на Унија во Брисел. ,,Ние мораме да испратиме два сигнала. Прво, дека Европа ќе го осигура мирот и стабилноста на Балканот и второ дека Западниот Балкан има јасна европска перспектива,, додаде Расмусен. Неговиот колега од Луксембург Жан Клод Јункер пак, изјави дека Унијата е обврзана да ги исполни дадените ветувања за Косово и оти притоа не не е должна да ja поддржува позицијата на Русија за ова прашање.
XS
SM
MD
LG