Достапни линкови

Приштина не прифаќа нови разговори за статусот


Претседателот на Косово Фатмир Сејдиу во интервју за Радио Слободна Европа уште еднаш повтори дека Приштина не прифаќа нови разговори за статусот. Според него, случувањата во другите земји, како што се претседателските избори во Србија, не можат да влијаат за одлагање на решението за косовскиот статус.

Независноста на Косово нема цена и никаков притисок, па ни воените закани нема да влијаат врз конечната одлука, вели косовскиот претседател Фатмир Сејдиу интервјуто за Радио Слободна Европа, додавајќи дека доколку Србија се обиде да употреби сила врз Косово, било воена или преку дејствување на тајните служби, ќе наиде на одговор.

„НАТО силите се гаранција и тие нема да го дозволат тоа. Србија има со кого да се соочи како што беше и во илјада деветстотини деведесет и деветата година, па нека го повтори тоа уште еднаш.“

Вели косовскиот претседател Фатмир Сејдиу кој во разговорот со Арбана Видишиќи изрази очекување дека по седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации на деветнаесетти декември ќе дојде до забрзување на процесот.

„Собранието на Косово ќе го каже своето и ќе ја донесе одлуката што треба да ја донесе. Тоа ќе биде одлука за независност со барање за меѓународно признавање.“

Претседателот Сејдиу не наведува временски рок до кога би можело да биде донесена таа одлука. Тој и со уверување дека по седницата на Советот за безбедност ставот на земјите кои го поддржуваат Косово ќе биде поочигледен.

„Ние не можеме да зависиме од нечија волја и статусот да се одлага поради некои настани, како на пример претседателските избори во Србија. Тоа е внатрешно прашање и не може директно да влијае врз ситуацијата на Косово.“

Коминтирајќи го ставот на Кипар, кој не ја поддржува независноста на Косово, сејдиу вели дека Приштина не сака да биде заложник на земјите кои имаат поинаков став. Според него, прашањето за поделба на Косово нема да биде лесно и оти станува збор за голем предизвик. Сепак тој не верува во дестабилизација на ситуацијата, оценувајќи дека се работи за пропаганда на оние што се противат на независноста.

„За нас е најважно да го одржиме мирот на граѓаните и институциите, а посебно е важно да на вистински начин да реагираат безбедносните сили како што се КФОР, УНМИК и косовската полициска служба.“

Вели претседателот на Косово Фатмир Сејдиу во интервју за Радио Слободна Европа.
XS
SM
MD
LG