Достапни линкови

Москва: Првата седница на Думата во нов состав на 24-ти месецов


Рускиот претседател Владимир Путин донесе одлука, првата седница на Думата во нов состав, да се одржи на 24-ти овој месец. На изборите што се одржаа на 2-ри декември, неговата партија Единствена Русија освои 315 од вкупно 450 места во парламентот. Путин деновиве предложи на местото шеф на државата да го замени првиот потпретседател на владата Димитриј Медведев, кој пак го повика Путин да биде премиер по претседателските избори во наредната година.
XS
SM
MD
LG