Достапни линкови

Не очекувам насилство на Косово, вели де Марњак


Не очекувам да има насилство на Косово или во регионот, но меѓународните трупи се подготвени да одговорат на евентуални закани за безбедноста, изјави командантот на КФОР, Ксавиер де Марњак по средбата со македонскиот министер за одбрана Лазар Еленовски.

„Не навистина не очекувам некаков конфликт, според моето видување постои добра волја од сите актери во регионот. Кфор смета дека сите луѓе што живеат на Косово независно од етничката зедница на која и припагаат заслужуваат стабилност и сигурност и КФОР е целосно посветен кон остварување на оваа цел.“

Изјави генерал де Марњак

Тој не сакаше да коментира околу исходот од решавањето на конечниот статус на покраината, истакнувајки дека тоа е работа на политичарите и дипломатите, а задача на мисијата на КФОР е зачувување на мирот и безбедноста на сите граѓани.

„Како војник се обидувам да се држам настрана од тоа, тоа е работа на политичарите и тоа е нивна одговорност. Моја одговорност е обезбедување на безбедноста и стабилноста на Косово и мислам дека досега бевме прилично успешни во тоа.“

Министерот Еленоски истакна дека и покрај политичките тензии во регионот, безбедносната ситуација засега е стабилна.

„Не очекуваме некои поголеми инциденти, мислиме дека безбедноснста ситуација е стаблилна, политичките тензии се нешто друго, и мислиме дека така ќе продолжи и во иднина.“

Во меѓувреме високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства Кнут Волбек предупреди на опасност од нов бран бегалци Роми од Косово, доколку еднострано биде признаена независност. Мандатарот на новата косовска влада пак Хашим Тачи на вчерашниот разговор со еврокомесарот Оли Рен, дал гаранции на Брисел дека Косово нема да прогласи независност до март 2008 година. Американскиот државен потсекретар пак Николас Барнс вчера изјави дека Соединетите држави го поддржуваат планот на специјалниот пратеник на ОН за Косово, Марти Ахтисари и оти очекуваат да се дојде до позитивно решение по околу еден месец.
XS
SM
MD
LG