Достапни линкови

logo-print

Министерството за правда предлага формирање специјализирани судови


И покрај тоа што меѓународните претставници јасно укажуваат дека е потребно да се спроведуваат веќе усвоените реформи за судството, Министерството за правда подготвува измени на законот за судови со кои се предлага дополнително формирање на специјализирани судови за трговските односи, за разлика како на пример, скопските основи судови кои сега се граѓански и кривичен. Експертите сметаат дека ова е потребно бидејки со тоа ке се растеретат постоечките судови

„Се цени дека таа работа е позитивна и оди кон позитивните реформи во судството и сметам дека тој предлог треба да се поддржи. Сегашните судови се многу оптоварени и предметите не се решаваат во размумен рок,“

изјави Осман Кадриу професор на факултетот за оптествени науки во Скопје.

Стопанственците кои во случај на проблем треба да се појават пред вакви судови сметаат дека за доверба во судството и негова ефикасност не се потребни нови специјализирани судови. Според нив ова е само купување време

„Тоа е само зголемување на администрацијата и измислување на алиби програми кои не придонесуваат за крајниот резултат пред странските инвеститори. Сметам дека е поважно да се преземе одговорност на судиите, затоа што тие се промотор за ефикасноста на привлекување на странски инвеститори,“

изјави стопанственикот Зоре Темелковски.

За разлика од нив Синдикатот смета дека е неопходно да се формираат посебни судови во кои ке се постапува по спорови од областа на работните односи, но не само тоа туку и ослободување од таксите што треба да ги платат работниците во случај на судска постапка. Судовите се потребни и за побрзо остварување на работничките права:

„Значи, ако работник добие отказ и ако работникот е вратен после две три години, нема некоја сатисфакција, но ако се врати по два – три месеци навистина ќе има сатисфкација и нема да остави никакви последици врз неговото работно место, па и врз неговото здравје,“

изјави Пеце Груевски од Синдикатот на вработените во управата и правосудството.
XS
SM
MD
LG