Достапни линкови

logo-print

Уште еден проблем во односите со НАТО и обид за влијание во пост советското соседствo


Русија од денеска е надвор од договорот за контрола на вооружувањето на конвенционалните сили во Европа. Со договорот потпишан во 1990, а модифициран 9 години подоцна се ограничува распоредувањето на тенковите и друго тешко оружје.

Москва соопшти дека е фрустрирана што членките на НАТО не ја ратификуваа модифицираната спогодба. Тоа беше поракат која на 26 април ја упати рускиот Претседател Владимир Путин

„Време е нашите партнери да го направат сопственио придонес во вооружувањето, со дела а не со зборови. Наместо тоа тие продолжија да ги засилуваат своите сили. Предложи разговори во Советот Нато – Русија. Прогрес немаше и затоа предложи раскинување на нашите обрски во согласно европскиот договор за конвенционални сили.“

И бидејки не се исполни тоа што го очекуваше Русија, Москва се реши на суспензија на договорот за европските конвенционални сили. Нато земјите пак тоа не го направиле затоа што сметаат оти договорот е нарушен со руското воено присуство во Грузија и Молдова. Воениот аналитичар на Новаја Газета во Москва Пвел Фелгенхауер вели.

„Главна проблематична точка сега е Молдова, Трансднјестарскиот регион од каде што русите одбиваат да ги повлечат своите трупи. Претседателот Путин и други официјални личности на Русија рекоа дека не го признаваат правото на Западот да и наметне на русија вакви ограничувања. Во основа Москва не сака да ги повлече трупите од овој регион и вели дека има право на тоа.“

Станува збор велат аналитичарите за уште еден во низата проблеми НАТО – Русија. Москва сака да го задржи влијанието во пост советското соседство. Запад се противи на таквата улога на Русија.
XS
SM
MD
LG