Достапни линкови

logo-print

Британскиот новинар Тим Џуда и италјанскиот експерт Паоло Љуерци не веруваат во поголеми насилства


Планот на Марти Ахтисари сигурно ќе бити основа на секој иден процес на признавање на Косово. вели Тим Џуда, британски новинар и автор на книгата Косово: војна о одмазда" и "Срби: Меѓу Историјата и митот. Тој како и Паоло Љуерци италијански експерт за Југо источна Европа не веруваат во насилства од поголеми размери на Балканот.

Попрецизно, вели Тим Џуда, реализацијата на оние делови на планот на Ахтисари чие спороведување не бара соработка од Србија сигурно ке бидат услов за признавање на Косово од страна на Соединетите држави и Европската Унија посебно во поглед на замене на сегашната мисија на Обединетите Нации и воспоставување меѓународна Канцеларија за цивили работи. Џуда вели дека проблеми, турбуленции со безбедноста се можни но и дека не очекува нова балканска војна Видете ја Босна. Пред извесно време сите велеа дека е пред колапс и дека се готви нова војна а сега направен е договор за реформа на полицијата и парафирана е спогодбата со европската Унија за асоцијација. Сепак најавите во српската јавност за заштита на секој милиметар косовска територија, треба сериозно да се разберат вели Паоло Љуерци италијански експерт за Југо источна Европа.

„Секако дека Меѓународната заједница е спремна да регира, но треба да се разликува реториката од вистинскиет закани и политиката.“

Љуерци вели дека е направена грешка што е редуцирана мисијата на ЕУФОР во Босна и Херцеговина на почетокот на оваа година што зборува дека Европа не била свесна за врската меѓу прашањето на Косово и кризата во Босна и Херцеговина. Според него не е работата во тоа што би можело да се случи на Косово туку проблем е како независноста на Косово би можела да се одрази врз другите земји во регионот, пред се врз Босна односно нејзиниот дел Република Српска, но и како во глобални рамки ќе се одрази ова прашање во Кавказот. За да се избегнат нови неприлики на Балканот потребно е единство на Западот предупреди и шведксиот министер за надворешни работи Карл Билд некогашен преговарач на Балканот во 90 тите години.

„Прашањето е многу покомлексно отколку што повеќето луѓе се свесни. Имаме тенденција на нестабилност на целиот Балкан и ние не би требало да ги повториме грешките од раните 90 ти години на минатиот век кога Европската Унија беше поделена и не обрна внимание на некои критични детали.“
XS
SM
MD
LG