Достапни линкови

logo-print

Партиските кавги и коруптивни елементи пречка за инвеститорите, согласни експертите и бизнисмените


Џонсон Контролс стартува со работа. Во слободната економска зона Бунарџик фабриката ке произведува електронска опрема за автомобили. Во првата фаза ке бидат вработени 150 работници, а потоа нивната бројка треба да се зголеми до петстотини.

Влезот на овој американски гигант го договори претходна владеачка гарнитура а договореното го реализирааше актуелната. Во други вакви случаи на смена на влади неколки крупни стрнаски инвеститори влегоа во кавги со државата. ОКТА, ЕВН, Силмак, Телеком често се пристуни во медимите поради несогалсувања со владеачките гарнитури. Според поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини домашните кавги меѓу политичарите предизвикуваат и расправии со инвеститорите

„Кај нас имаме и онаа позната ситуација, ако една влада донела инвеститор, другата автоматски бара причини за кавга. Тоа е поради недостаток од стручни познавања и искуства на експертите од Македонија, кога се формулирани договорите.“

Друга причина вели Хајредини е и корумпираноста на нашите влади при договорањето на влезот на странксите пари

„Сите тие постапки, зделки се правени со помали или повеќе коруптивни елементи.“

Причините може да се бараат и во неискутвото на двете стани и на владата и на инвесторите со разговори да ги решат проблемите смета бизнисменот Ристо Гуштеров

„Имаме доста млади луѓе, на двете страни, со доста екскплозивен дух, коишто треба да го остават надвор од работа, а додека се решаваат работни проблеми, треба смиреност и рационалност.“

Овие проблеми додава тој оставаат лош впечаток кај странските инвеститори

„Впечатокот е многу лош, дискутабилен по однос на тоа дека Македонија е сериозна држава, односно дека може да биде сериозен партнер на глобалните компании.“

Гуштеров кој беше главен лобист за влез на Џонсон Контролс потенцира дека во овој случај работите се одвивела во континуитет:

„Околу Џонсон Контролс ние немавме никакви проблеми. Она што беше договарано со претходната влада, во континуитет беше преземено од сегашната влада на господинот Груевски и нормално сите проблеми и обврски се решаваат на најблагопријатен начин за обете страни.“
XS
SM
MD
LG