Достапни линкови

Атина: Започнува 24 часовен национален генерален штрајк


На полноќ во Грција започна 24-часовен национален генерален штрајк, што се очекува целосно да ја парализира земјата, пренесува МИА. Штрајкот е организиран од синдикатите кои се против владините предлози за реформи во пензиско-осигурителниот систем. Денеска нема да работат училиштата, банките, даночните служби, министерствата, а медицинскиот персонал во болниците ќе ги прима само итните случаи.
XS
SM
MD
LG