Достапни линкови

Вашингтон: Благодарност од американски конгресмени за удвојувањето на македонските трупи во Ирак


Американските конгресмени Бил Паскрел и Марк Саудер испратија писмо до Конгресот во кое наведуваат дека Македонија заслужува благодарност за удвојувањето на нејзините трупи во Ирак, соопшти македонската амбасада во Вашингтон. Во писмото се вели дека, без колебање и без услови, Владата на Македонија се обврза да ги удвои своите трупи. Република Македонија ни покажа дека е вистински пријател на нашата нација. Македонското зголемување на трупите е потребно, добредојдено и конзистентно со партнерството и пријателството со САД. И благодариме на Владата и на македонскиот народ за нивната континуирана поддршка и пријателство, се истакнува во писмото. Американските конгресмени заклучуваат дека Македонија сега е произведувач на стабилност во југоисточна Европа, дома, на регионален план и во странство.
XS
SM
MD
LG