Достапни линкови

logo-print

Од Студентскиот сојуз велат дека факултетите погрешно ја разбираат декларацијата


По потпишувањето на Болоњската декларација иако државните универзитети прават напори во нејзино спроведување, сепак треба уште многу да се работи за да студентите го осетат позитивното влијание на ова декларација, посочува Самои Малчески, претседател на сојузот на студенти при универзитетот Свети Кирил и Методиј:

„Некои факултети грешно го толкуваат прирачникот за Бољона и европски кредит трансфер систем. Тие воведоа колокфиуми за студентите, а покрај тоа ги тераат да одат и на завршни испити, што не е предвидено со Бољонската декларација. Но знаете како е кога некој 50 години бил навикнат на едно нешто, сепак четири години е многу мал период за нешто да се промени.“

Имплементацијата на ова декларација според проректорот Зоран Велковски започала уште од 2001 година. Тој објаснува дека од предходната година земјава нема напреднато во спроведувањето. Причината тој ја гледа во минатогодишните избори:

„Ние сме тука на нивото од претходната година, што е мало не назадување, туку стагнација која јасно е дека произлезе од смена на власт, од сеуште нерегулирани законски прописи, подзаконски акти и тоа се одрази на таа стагнација.“

вели Велковски и додава дека во скоро време Македонија може да се пофали со успешно имплементирање на препораките произлезени од Болоњската декларација.

„Секако дека тука има многу работа. Тоа не е случај само во нашата држава, туку тоа е случај во сите земји во Европа. Рокот на Болоњската декларација е до 2010 година и до тогаш би требало во голема мерка да се воспостават национални системи за високо образование.“

Тој исто така посочува дека со спроведувањето на ова декларација ке се зголеми квалитетот на високото образование.

„Ќе се воспостави компатибилност на профилите. Значи дипломиран во високото образование кај нас, ќе биде компатибилен со истиот профил на оној што завршил во Франција, Германија, Белгија. Од друга страна акцентот е ставен на зголемување на квалитетот во високото образование, базиран на концепцијата за образовен изглед. Следна придобивка е размена на кадар, стекнување на искуство од други земји. Сето тоа овозможува воспоставување на еден исклучително конзистентен и единствен систем за вреднување на учењето.“

објаснува Велковски.
XS
SM
MD
LG