Достапни линкови

Добар знак и враќање во состојбата од пред индустриската ера, оценуваат познавачите


Реките во северна и централна Европа стануваат кафени. Но, ова е добар знак. Реките се враќаат во состојбата од пред индустриската ера, пред киселите дождови. Голем дел од заслугата им припаѓа на поранешните советски земји кои го намалија загадувањето.

Некои научници кои работат во Чешка беа меѓу првите кои забележаа дека локалните езера стануваат се покафени во изминатите 15 години. Научниците најпрвин се сомневаа дека ова е негативен развој и дека причината се климатските промени

„Првите претпоставки беа дека ова е предизвикано од климатските промени, поради зголемување на температурата и зголемување на количеството на јаглерод диоксид. Но, она што го утврдивме е дека се работи за промена што не треба да и ја припишуваме на климатските промени.“

вели Џон Стодард од американскиот центар за екологија и хидрологија. Тој е автор на текстот „Природа“ во кој се истражува феноменот на покафенување на реките и езерата. Неговите истражувања покажуваат дека новата боја на реките и езерата доаѓа поради намаленото количествто на кисели дождови. И покрај тоа што водата можеби не изгледа чиста, таа е чиста:

„Сигурно е добра за пиење. Нема ништо лошо во органските состојки кои се присутни во неа“

посочува Стодард. Неговата студија ги истражува само реките и езерата во централна и северна Европа, како и северна Америка. Тој не знае дали истиот феномен се случува и во реките во земји како Русија и Украина. Но, според него може да се претпостави дека и за земјите надвор од Европа и Северна Америка има позитивно влијание од намаленото количество на кисели дождови:

„Всушност, од падот на комунизмот во Централна Европа има постојано намалување на киселите дождови, во некои случаи тоа е и енормно и достигнува 90 насто.“

забележува Стодард.
XS
SM
MD
LG