Достапни линкови

Свет: Повеќе од сто случаи на прекршување на човековите права во земјите членки на ОБСЕ


Повеќе од 100 случаи на прекршување на човековите права се евидентирани во земјите членки на ОБСЕ. Во годишниот извештај на организацијата кој се однесува на периодот од април 2006 до април 2007-та година се посочува на грубиот однос на полицијата кон членови на невладини организации во Узбекистан. Како прекршувања на правата се спомнати и киднапирањата во Русија , но и нападите врз азилантите од страна на непознати лица во Киргистан. Објавувањето на извештајот се совпадна одбележувањето на Меѓународниот ден на човековите права во Обединетите нации.
XS
SM
MD
LG