Достапни линкови

Софија: Бугарската полиција заплени 65 килограми хероин на границата со Романија


Бугарската гранична полиција заплени 65 килограми хероин на граничен премин со Романија. Дрогата била скриена во камион кој патувал кон Германија. Возачот кој е бугарски државјанин како што јавуваат агенциите е уапсен од страна на полицијата. Бугарија откако влезе во Европската Унија ги зачести граничните контроли во потрага по шверцерски канали.
XS
SM
MD
LG