Достапни линкови

Важно е да се реализираат планираните проекти, сметаат експертите


Не е доволно само да се издвојат повеќе средства за капитални инвестиции во Буџетот за да се промени неговата структура. Најважно е дали ќе се реализираат планираните проекти во оваа област, кои пак треба ја подобрат економската сосотојба во земјава. Вака економските експерти ја анализираат буџетската политика на владата.

„Сега ние се соочуваме со една парадоксална ситуација, според податоците од крајот на минатата година, многу министерства не успеале да ги реализираат своите проекти. Тоа значи дека или немаат идеи или не се подготвени за таков пресврт во буџетската политика,“

објаснува проф Живко Атанасовски од Економскиот факултет во Скопје
проф. Абдулменаф Беџети од Унивезитетот на Југоисточна Европа, посочува дека социјално ориентираниот буџет негативно се одразува на неговата ефикасност.

„Со распределба и прераспределба како што обично социјалните програми претставуваат прераспределба на буџетот, се настојува да се чува правичноста, наспроти ефикасноста. Секоја прераспределба значи да земате од една структура на население и да распоредувате кај други.“

Работите не можат да се сменат преку ноќ, истакнува проф. Атанасоски според кој пак другите расходи во буџетот не треба да се третираат како непродуктивна потрошувачка:

„Сигурно дека и тие расходи имаат влијание врз економската атмосфера и гледањето со црно – бели очила врз буџетската политика не може да се прави. Не може да се каже дека исклучиво соодносот на капитални и тековни расходи е битен иако е важен, но не е пресуден за тоа дали преку буџетската политика ќе се создава амбиент за општ економски развој во државата.“

Забелешките на опозициските партии се дека буџетот за следната година е лошо испланиран и оти најмногу пари се планираат за покачување на платите, како и за научно истражувачки проекти. Во Буџетот за 2008 година се проектира раст од 6 проценти, инфлација до 3 проценти и зголемување на вработеноста за 4 насто. Најголем дел од расходите, односно дури 84 проценти се наменети за тековни трошоци, а само 16 проценти за капитални инвестиции.
XS
SM
MD
LG