Достапни линкови

Македонија има стратегија за сите сценарија, уверува македонската влада


Инциденти, бегалци, прелевања на криза - за ваквите можни сецнарија кои се споменуваа во јавноста во врска со процесот на решавање на идниот статус на Косово Македонија има стратегија вели владиниот портпарол Ивица Боцевски

„Во било кој случај и во било кое сценарио, Република Македонија е подготвена за ситуациите коишто би можеле да произлезат.“

Надлежнините владини институции будно ја следат состојбата вели Боцевски и додава дека сепак очекувањата се дека до конечниот статус ке се дојде по мирен пат.

Во врска со подготовките за можните безбедносни проблеми портапарлот на министервото за внатрешни работи Иво Котевски вели:

„Во рамки на нашите ингеренции ги преземаме сите неопходни мерки за спречување на евентуално каква било потенцијална опасност. МВР засилено ја набљудува и обезбедува државната граница во делот кон Косово, и граничната линија и длабински, а исто така има засилено присуство во пограничните региони.“

Извори од државниот врв велат дека не се очекуваат бегалци од протекторатот на територијата на Македонија но додаваат дека и во евентуален таков случај државата е подготвена да реагира. Истите извори додаваат дека не се очекува ниту голема безбедносна криза во Косово пред се поради големо мегународно присуство во протекторатот. Не се исклучени одвоени инциденти додаваат од државниот врв но инстутиции се подготвени да реагираат. Сепак од таму тврдат дека нема основа да се повторат случувањата од 1999 година.

Инаку Македонија овој процес го дочека со нерешена граница кон протектарот. Како што се посочува тоа е единственото отворено прашање мегу Скопје и Приштина. Проблемот со демаркацијата на границата почна почесто да се отвора со интевизирањето на преговорите мегу косовски и српските власти под покровителство на обединетите нации. Северната граница стана дел и од планот на специјалниот пратеник Марти Ахтисари кој Македонија силно го поддржа.
XS
SM
MD
LG