Достапни линкови

Брисел: Сите земји членки на ЕУ, освен една подготвени за прифаќање на независно Косово


Сите земји членки на Европската Унија, освен една, се подготвени да ја прифатат независноста на Косово, без резолуција на Обединетите Нации, изјави шведскиот шеф на дипломатијата Карл Билд, пред почетокот на министерскиот совет на Унијата во Брисел. И Хавиер Солана изјави дека европските земји се близу до заеднички став. Во меѓувреме, косовскиот премиер Агим Чеку побара од Европската Унија брзо решение за статусот на Косово.
XS
SM
MD
LG