Достапни линкови

logo-print

Берлин: Хавиер Солана не очекува насилство на Косово по 10 декември


Шефот за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија Хавиер Солана изјави дека не очекува насилство на Косово, по 10 декември кога истекува рокот за преговори за косовскиот статус. Солана во интервју за германкиот весник ,,Велт ам зонтаг“ истакна дека е убеден оти двете страни, и србите и косовските албанци, нема да ја ризикуваат стабилноста на Балканот. Преговарачката Тројка за Косово го достави извештајот до Обединетите Нации, а во него како што јавуваат светските агенции се наведува дека разговорите меѓу Белград и Приштина завршиле без договор, поради непопустливост на двете страни. Франција, Германија, Велика Британија и Италија вчера упатија писмо до Европската Унија во кое наведуваат дека продолжувањето на преговорите е непотребно.
XS
SM
MD
LG