Достапни линкови

Лисабон: Учеството на самитот ЕУ-Африка искористено за средби за НАТО интеграциите


Премиерот Никола Груевски и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, во рамки на учеството на самитот Европска Унија – Африка, синоќа имале средби со повеќе европски претставници од кои побарале поддршка и воедно информирале за текот на реформите за приемот на Македонија во НАТО. Како што е најавено, денеска на маргините на самитот премиерот Груевски треба да оствари средба со италијанскиот премиер Романо Проди. Самитот Европска Унија – Африка што се одржува во Лисабон има за цел воспоставување рамноправно стратешко партнерство меѓу двата континенти.
XS
SM
MD
LG