Достапни линкови

logo-print

Техеран: Иран е акана за САД и Блискиот исток, оценка на Роберт Гејтс


Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс изјави дека Иран е закана за Соединетите Држави и Блискиот исток и покрај разузнавачкиот извештај на Вашингтон во кој се вели дека Техеран ја запрел воената нуклеарна програма пред 4 години. Гејтс ова го изјави на регионалната конференција за безбедност во Бахреин. Тој додаде дека Итран ја продолжува програмата за збогатување на ураниумот и има капацитет да ја рестартира воената програма. Гејтс го обвини Иран и дека ги подржува напаѓачите во Ирак и Авганистан, како и исламските групи Хезболах и Хамас.
XS
SM
MD
LG